„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Што по разрешувањето на Катица Јанева од советот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во СЈО не може да се избира ВД специјален јавен обвинител, затоа што се работи за строго монократски орган. Тој вели дека доколку се разреши Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО, се вели во веста на Канал 5.

— реклама —

-Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители, аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластување специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура, а сите други се негови помошници, така што нема други можности според идејата и духот на законот да има ВД обвинител од редот на обвинителите. Според законот за СЈО, нивното разрешување е директно врзано со мандатот на специјалниот јавен обвинител. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден, вели Калајџиев за Канал 5.

Советот на јавни обвинители утврди дека постојат законски основи за разрешување на Катица Јанева пред истекот на нејзиниот мандат, поради нестручно и несовесно работење. Постапката ќе се води преку Собранието, кое најдоцна до утре ќе ги добие сите неопходни документи за да може да постапува.

— реклама —

Се уште не е јасно како ќе работи СЈО по разрешувањето на Катица Јанева, со оглед дека ова обвинителство нема да има можност за вд обвинител според правните познавачи/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања