Што се случи во Москва: Напаѓачите упаднаа во полна концертна сала пред настапот на рок бендот, а потоа отворија оган врз цивили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-03-22-at-22.38.55

Најмалку 60 луѓе загинаа, а многу се ранети во еден од најтешките терористички напади во модерната историја на Русија.

— реклама —

Иако не се познати сите детали, се чини дека нападот на група вооружени луѓе во концертната сала „Крокус сити хол“, недалеку од Москва, бил добро подготвен и дизајниран да биде што поголем бројот на жртвите, забележуваат руските медиуми.

Според она што е досега познато, терористите го извршиле нападот на „Crocus City Hall“, која се наоѓа во Красногорск, населба во западната периферија на руската престолнина. Салата е дел од поголем забавен комплекс отворен во 2009 година, кој вклучува трговски центар и хотел, според RT.

— реклама —

Концертната сала собира до 7.500 луѓе и беше речиси полна кога терористите го нападнаа, пред настапот на популарната рок група „Пикник“.

Во нападот учествувале неколку терористи. Според снимките што кружат на социјалните мрежи, можеби имало петмина - сите облечени во маскирни униформи, со автоматско оружје.

Тие убиле невооружени чувари на главниот влез на објектот и го блокирале пред да продолжат со убиствата.

Кога стигнале до концертната сала ги запалиле седиштата. Пожарот се проширил низ зградата и стигнал до покривот пред пожарникарите да почнат да го гаснат.

Рускиот истражен комитет соопшти дека во нападот загинале најмалку 60 луѓе и предупреди дека „бројот на жртви може да се зголеми“. Меѓу жртвите има и три деца, соопшти Министерството за здравство на Московската област.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека се хоспитализирани 107 лица. Десетици ранети се во тешка состојба.

Инспектори, криминолозите и вештаците заедно со оперативните единици на МВР и Федералната служба за безбедност вршат увид на лице место.

Од местото на злосторството се собираат физички докази, вклучувајќи оружје и муниција и се вршат сите потребни испитувања, вклучувајќи генетски, балистички и отпечатоци од прсти.

Снимките од безбедносните камери се прегледуваат, наведува РИА Новости.

Истражниот комитет покрена кривична постапка за терористичкиот напад.

Руската полиција сè уште не известила за апсења по престрелката. Непотврдени информации од руските медиуми наведуваат дека се приведени неколку вработени во Крокус.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, објави претходно Ројтерс.

Некои локални руски медиуми тврдат дека терористите се на листата на трагачи и по потекло се од Ингушетија. Некои очевидци сведочеа дека напаѓачите се чини дека се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не руски“.

Официјална Москва не го коментираше идентитетот на напаѓачот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања