„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Што треба да поседува новиот Џејмс Бонд?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Daniel

Кастинг директорка на франшизата Џејмс Бонд, Деби Меквилијамс, вели дека аудициите низ кои мора да поминат пријавените актери за улогата на тајниот агент 007 се строги. Во интервјуто за „Ентертејнмент викли“ рече дека мнгу глумци се во игра за улогата и потоа еден по еден се одбиваат од разни причини. Првите тројца во најтесниот избор одат на тест пред камера, каде мора да извршат една каскадерска задача и се запознаваат со целиот тим.

— реклама —

„Тоа е заедничка одлука на продуцентите, студиото и режисерот, но главниот збор го има семејството Броколи“, вели таа.

„Модерниот Бонд треба да биде некој кој може сѐ да издржи, кој е атрактивен, во одлична физичка форма. Тој ќе треба да ја носи и славата на филмот“, вели Меквилијамс, која во тридецениската кариера била одговорна за изборот на Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.

— реклама —

Новиот филм „Не е време за умирање“ ќе излезе на 28 септември и ќе биде последен за Крег во улогата на Бонд. Сѐ уште не е познато кој ќе го наследи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања