Промени тема
Контакт

Што ветувале, а што направија: „Мислам не сме сите хонорарци во влада со пола мозок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
nova-vlada-2022

Иљче Затаракоски, кој важи за критичар на политичките партии и власта, ги коментираше промените кои настанале кога ВМРО-ДПМНЕ заминаа, а СДСМ ја преземаа власта.

„Пред да дојдат на власт ветуваа живот за сите, правда за сите, затвор за криминалците, дури и опнаа бројчаник на Триумфална, шо веројатно е зарибан, а во меѓувреме се колнеа дека името нема да се смени.

— реклама —

Дојдоа на власт и ветија дека промена на името може има само ако народот одлучи така на референдум, па ја сменија плочата дека референдумот ќе е консултативен и на крај си ги земаа во коалиција криминалците шо ќе ги апсеа за да ја истуркаат на сила промената, со ветување дека ова е последна отстапка и следна станица ни е ЕУ.

— реклама —

И после сѐ ова, можит некој да ми објаснит врз основа на што би им верувале дека внесувањето на Бугарите во Устав е последна отстапка? Мислам не сме сите хонорарци во влада со пола мозок...“, напиша Затаракоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања