Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Што затекна МВР по скопските сообраќајници - Возачи без возачка и непочитување на сообраќајни правила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 12 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи 17 биле нерегистрирани, четири возила затоа што биле технички неисправни и едно возило поради претовар.

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања