Во текот на изминатиот ден (21.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози за непрописно паркирање.