Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: 55.000 работници на улица, а братучедот на Николовски вработен за 100.000 денари?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikolovski

Љупчо Николовски, министерот кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во нов сериозен сомнеж дека негови роднини се вработени во јавната администрација. Македонска навигација е државна агенција каде што просечната плата е далеку и неколкукратно поголема од просечната и е докажано легло за партиски и непотистички вработувања на власта на Зоран Заев.

Николовски мора да одговори по јавните прозивки за тоа дека негови роднини, чичко и братучеди, се вработени во МНАВ токму во периодот кога тој е на функција која што треба да биде пример за спречување на непотизмот и корупцијата, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

— реклама —

Стоилковски додаде:

За Николовски и вработувањата на негови роднини се докажа и во време кога тој беше министер за земјоделство. Сега Николовски како вицепремиер за наводна борба со високата корупција е должен да соопшти на јавноста и за вработувањата на неговите роднини кога беше во земјоделие, но и дали сега повторно од позицијата на министер ЗА корупција е доведен во судир на интереси со вработувања на негови роднини?

— реклама —

Во време кога 55.000 работници останале без плата и без работа, министрите на Зоран Заев ги вработуваат своите роднини во државната администрација за плати од по 100.000 денари. МНАВ е агенција каде што и до сега беа скандалозно вработувани роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДСМ, без соодветно образование, до степен да постоеја јавувања за притисоци и беа менувани и членовите на комисијата за прием на работа.

Оттука, Николовски е должен да одговори дали ја злоупотребил неговата позиција сега, дали ја злоупотребил неговата позиција претходно, но и дали ќе ја си поднесе неминовна оставка, како личен пример за борба со корупцијата и злоупотребата на позицијата?

— реклама —

Апсурдно е лик како Љупчо Николовски кој што повторно се поврзува за непотизам, да води тело, министерство за борба со корупција. Истовремено, ја повикуваме и ДКСК да го испита случајот, со што ќе ја докажат причината за своето постоење како паралелно тело на министерството на Љупчо Николовски.

Ако Николовски сам си вработува роднини во администрацијата и за него нема одговорност, тогаш и неговото министерско место сметаме дека треба да се укине бидејќи се докажува дека е измислено само тој да зема плата од буџетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања