„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Стоилковски: Антикорупциска констатира незаконско работење во тоа што консултантот Шилегов зема пари од адвокатот Шилегов, потврдено со документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
stoilkovski-1

Петре Шилегов има договор за хонорарни советодавни, консултатнтски услуги со Петре Шилегов и за тоа си наплаќа 50 илјади денари месечно или околу 10 илјади евра на годишно ниво. И тоа со години!

— реклама —

Дека овој т.н. договор е судир на интереси како влез во корупција и криминал, го констатира и државната антикорупциска и му наредува на Петре Шилегов да го раскине договорот сам со себе, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Стоилковски додаде:

Едноставно, почитувани, постои документ во државната антикорупциска комисија со кој што се КОНСТАТИРА судир на интереси за односите на Петре со Шилегов. Значи по неколку години консултации сам со себе, на Шилегов не му проработува чесноста, туку е фатен во судир на интереси.

Ова е документот од антикорупциска со датум од 1 декември 2020 година, одлука по предмет од 22 мај, за судир на интереси во односот на Петре со Шилегов. Ова е јавно достапен документ на интернет страницата на ДКСК, Одлука број: 09-2034/9 од 01.12.2020 година.

Ова фактички е повторување на делото од Шилегов, бидејќи во 2015-тата година, за соработка со својата компанија е констатиран судир на интереси од ДКСК, за сега тој повторно да работи со договор сам со себе како градоначалник од 2017-тата година.

Одлична консултација сам со себе - повтори го делото - за хонорар од 50.000 денари месечно.

Адвокатот Петре Шилегов е познат по својата работа на стопанското право.

Судирот на интереси е основа, стартна позиција за корупција и криминал, и тој тоа го знае, истакна Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања