Промени тема
Контакт

Стоилковски: Артан Груби вработи негов роднина во министерството, тоа е директен непотизам, институциите мора да реагираат и да се поништи одлуката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
grubi

Според објавената одлука за вработување за Сезар Груби како самостоен референт, Артан Груби очигледно го приватизира министерството, со тоа што вработува негов роднина и ова е директен непоитизам, а соодветните институции треба да реагираат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција во врска со партизацијата на министерството за политички систем на Артан Груби.

Стоилковски потенцираше дека Артан Груби избра да вработи свој роднина на работно место „самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење“.

— реклама —
— реклама —

- Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција. Не само реакција на Груби и на владата, очекуваме реакција и на ДКСК и на сите други соодветни институции, веднаш да го испитаат случајот и да се поништи одлуката за вработување на роднината на Артан груби, истакна Стоилковски.

— реклама —

Тој нагласи дека во спротивно наместо во заштита на законот и институциите, ќе работат во полза на партизација и зголемување на администрацијата спротивно на интересите на народот, со што ќе бидат соучесници во делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања