Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Стоилковски: Болница во Штип нема, а наместо казна уште 7 милиони евра за изведувачот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра, рече денеска на прес-конференција потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“!

— реклама —

Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај.

Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?

— реклама —

Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?

Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?

Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот?

Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена.

Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас, истакна потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања