Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: Бујар Османи денеска да нацрта каде во европската рамка се Соравија на Ахмети и луксузното Ауди за Груби?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска да земе креда и на таблата да напише одговори за тоа во кои кластери за ЕУ се: Преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја? Полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер? Претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие? Изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава? Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното Аудито на Груби? Кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45те изгорени во автобусот Беса Транс? Кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи?

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Столковски од Османи побара одговор и за тоа во кои кластери за ЕУ се: Фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат? Фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица? Издавање пасоши за светски мафијаши? Државна земја за фирмата на сопругата на премиерот? Договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони? Немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија? Вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР? Доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции?

Предавството и одговорноста која што ќе следи?

— реклама —

-Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА! Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

[embed]

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања