Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Стоилковски: Членки на ЕУ велат Македонија мора да се бори со висока корупција, а Октоподот на власт бара забошотување на Рекет1 и Рекет2

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Членки на Европската Унија посочуваат дека Македонија мора да испорача борба со висока корупција, а Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2. Рекет2 е класичен случај на висока корупција, во кој што, според кривичната пријава и сведоштва на оштетената страна, владини функционери спречувале странска компанија да инвестира, да купи домашна компанија, постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини. И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи иако според законите и според нормите заради јавниот интерес може да информира како тече истрагата и дали во неа се опфатени високи државни функционери, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Згора на тоа, Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки, не се дозволува колку- толку кредибилна истрага. Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните.  Ниту власта се откажува од нив, ниту пак обвинителството тоа го бара.

— реклама —

Напротив, Заев лично посведочи дека Обвинителството наместо борба со висока корупција, корупција на функционери, ја известува власта за своите сознанија и намери.

— реклама —

Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2. Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење.

— реклама —

Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција.

Ова не е случај кој што може да остане забошотен и без влијание за перцепцијата за државата и за системот, се работи за компанија, Шведски гигант во здравствените услуги, за тоа се запознаени и дипломатскиот кор во земјата, запознаени се меѓународните институции, запознаени се и пишуваат странски медиуми.

Македонија мора да расчисти со октоподот на власт, мора да се преземат вистински зафати во обвинителството, мора да се урне спрегата на октоподот, бидејќи се друго води кон натамошна девастација и уништување на државата и осиромашување на граѓаните. Потребна е обнова на Македонија. Избори се неопходни за Македонија, фер и демократски избори мора веднаш да бидат распишани, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања