Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски: Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Naum-IZJAVA-1908-2

Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална - октопод мрежа која што тој сака да ја заштити, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да така отворено лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме:

— реклама —

Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“?

— реклама —

Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски?

— реклама —

Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство?

Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?

Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?

Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?

Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?

Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“?

Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер?

Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години?

Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања