Стоилковски: Дескоска да даде пример сите министри и функционери целосно да се откажат од платата и да заштедат над 5 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Naum-IZJAVA-1410-2

Цела недела измина, а нема ниту збор од министрите и функционерите на Зоран Заев за предлогот тие целосно да се откажат од платите во овие тешки месеци и да одработат бесплатно за државата и за граѓаните, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Нема ниту збор од Оливер Спасовски за откажување од неговите 88.000 денари плата, ниту Шекеринска нема никаков збор за откажување од нето-платата од над 80.000 денари, Мила Царовска за нето плата над 73.000 денари, нема ниту збор од Рената Тренеска Дескоска дека се откажула од платата од над 73.000 денари и дека би работела про боно, Никола Димитров не кажува дали воопшто ќе поработи без платата од над 72.000 денари, или Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Сите 26 министри молчат дали би се откажале од платите од 70 до 90 илјади денари!

— реклама —

Нема ниту збор од државните функционери на СДСМ како Николче Тасевски, зетот на Рената Тренеска Дескоска дека целосно ќе се откаже од својот месечна плата од 188.000 денари, или три илјади евра, и ќе поработи про боно во овие тешки моменти. Нема ниту збор од функционери на СДСМ дека се откажуваат од платите и хонорарите во име на справувањето со кризата, со пандемијата и економската криза која што ја донесе.

— реклама —

Дополнително, нема ниту збор дека министрите и функционерите се откажуваат целосно од привилегиите кои што одат со функцијата, како што се службени возила, телефони и репрезентации кои што ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Доколку министрите, заменик министри, директорите и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, и се откажат од своите плати, про боно, со тоа ќе се заштедат најмалку два ипол милиони евра месечно. Тоа вкупно би заштедело над пет милиони евра во државната каса за два месеци.

Наместо демагогии, лицемерство и празни прес конференции, СДСМ и нејзините функционери нека започнат со личен пример, за почеток Дескоска, Спасовски, Шекеринска, Димитров нека се огласат дека се откажуваат од примањата и репрезентациите, а потоа нивниот пример нека го следат и другите заменик министри, директори и членови на управните и надзорните одбори од редовите на СДСМ кои што земаат пари од народниот буџет, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања