Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Стоилковски: Димитров да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и ја претставуваат земјава останаа тајна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-stoilkovski

Министерството за надворешни работи под министерот Никола Димитров тоне во хаос и во самоволие, предизвикувајќи срам за државата во и вон нејзините граници. Македонија повторно остана без почеток на преговори, а одговорен за оваа срамна состојба е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија, а сега се гордее со Република Северна Македонија! Човекот кој што лани со премиер и со двајца вицепремиери се сликаше со палец нагоре лажејќи дека Македонија добила датум за почеток за преговори за членство во ЕУ, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Само со Никола Димитров како дел од кланот на власт, Македонија испраќа 10 амбасадори за кои што ги сокри нивните биографии и тези за тоа како ќе ја претставуваат државата во Германија, Унгарија, Шпанија и други држави?

— реклама —

Никола Димитров мора да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и веќе ја претставуваат Република Македонија пред меѓународната заедница останаа тајна? Никогаш до сега амбасадорските тези на собраниска комисија не биле целосно класифицирани како доверливи. Станува збор за тези на амбасадори кои заминаа во Германија, Унгарија, Шпанија, Украина, Шведска, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Словенија и во Босна и Херцеговина. Притоа беше изземен и претседателот на собраниската комисија Антонијо Милошоски.

— реклама —

Никола Димитров треба да објасни и дали и зошто при враќањето на Амбасадорите назад во Македонија ги уназадува со звањата, дури и на најниско ниво како началник на одделение, за сите освен на советникот на Стево Пендаровски, второто лице на Зоран Заев, Гоце Карајанов кому му е доделено највисоко административно звање?

— реклама —

Оттука, Димитров мора да одговори дали со новата систематизација која почнува за десетина дена ќе се деградираат и преместуваат политички неистомисленици на министерот  Димитров?

Македонија изостана од европската агенда за проширување и одговорност мора да има, а најголема одговорност има македонската дипломатијата под министерот Никола Димитров. Време е Димитров повторно да си ја испрати напишаната оставка која ја повлече лани, и да одговори за лажење на јавноста дека станувало збор за фалсификат, за што ниту имаше истрага ниту некој одговараше, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања