Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Naum-Stoilkovski

Прес конференција на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски истакна:

Зошто Зоран Заев го фаворизира Арачиново, a ги запоставува другите села по општината?

Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци ?

— реклама —

Колку пилоти би требало да добие Липково коешто е поголема општина?

Дали нив планира да ги направи морнари или пак космонаути ?

Зошто Арачиново би го правел Авиано, а не пак соседен Никуштак?

— реклама —

Тоа што го ветил Заев пред избори е класична дискриминација. Кадешто СДСМ има сигурен кандидат за градоначалник како награда Зоран Заев ветувал по 300 вработувања за пилоти, а таму кадешто губи ги запоставува мештаните.

Штом зине лаже.

Сведочењето на жителите од Арачиново е болно да се гледа. Јасно е дека после лагите на Заев и пустошот којшто го направи СДСМ им останува само да одат по амбасадите и да бараат визи за да  купат карти во еден правец.

Зоран Заев е македонскиот Барон Минхаузен. Затоа бараме обврзувачко полиграфско тестирање после секој настап на Зоран Заев.

— реклама —

Тешко на тој полиграф на којшто ќе биде врзан Зоран Заев. Ниту гаранција ќе важи, ниту пак ќе може да се сервисира, ама набавката на нов полиграф ќе биде помала штета за државата од живеењето со лагите на Заев.

— реклама —

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања