Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Стоилковски : Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на оваа власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Последните показатели за реализација на капиталните инвестиции за првите два месеци во 2019 година се катастрофално ниски, 3,53%. Тоа значи дека и оваа година како лани не се гради ништо, ниту патишта, ниту училишта, ниту детски градинки, ниту болници. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции во буџетот за оваа година, кој што е историски највисок, самите не го реализираат, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако на ова се додаде и бруталното задолжување кое ги помина сите психолошки граници, како што беше она од пред некој ден кога се задолживме за нови 16 милиони евра, тогаш многу реално е да очекуваме целосен крах на македонската економија.

— реклама —

За тоа колкав неуспех доживеа економските политики на троецот Заев,Тевдовски, Анѓушев покажува и последниот став на германските стопанственици кои на Владата за нејзината работа и дадоа оценка НУЛА. Над 70% од нив сметаат дека на економски план Македонија или ќе стагнира или ќе назадува. Внимавајте стопанствениците од најголемиот економски партнер на Македонија ја оценија владата како некадарна и и дадоа НУЛА.

Бесперспективност во Македонија не ја гледаат само Германците, туку и македонските граѓани. Тие секојдневно масовно се иселуваат, информатичарите бараат други дестинации, секако откако им ги скратија платите. Дури и семејните бизниси на Заеви бараат иднина во соседна Бугарија.

— реклама —

Животот кој што го ветуваше Заев се претвори во економска кома. Оваа економска мизерија и очај мора да престане што порано, за да не биде предоцна. Претстојните избори ќе бидат почетокот на крајот на неуспесите кои секојдневно ги сервира овој криминален картел на власт. Поразот на Заев и неговите политики ќе значат демонтирање на оваа власт и шанса за напредок на Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања