Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Истрага и одговорност за скандалот со струшката болница, криминал и политички врски не смеат да бидат поважни од животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-Struga

Скандалозниот случај во струшката болница мора да се истражи веднаш и доколку се утврди вина да се побара одговорност. Но, она кое што загрижува е што случајот е од август месец минатата година и за жал сеуште нема никаква разрешница. Зошто речиси половина година институциите молчат, молчи Министерството за здравство, молчи Државниот инспекторат, молчи министерот Филипче, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ давајќи коментар за случајот во струшката болница, за одговорност на директорот за компликации кој што не се истражени?

— реклама —
— реклама —

— реклама —
— реклама —

„Да биде скандалот поголем Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорноста да го испита овој случај ја префрла во ноември до Министерството за здравство барајќи да се направи стручен надзор за овој случај и истиот да изготви извештај. Но, за жал немало извештај, што остава сомнеж дека Министерството за здравство и министерот Филипче се обидуваат да го забошотат овој случај и некого да го заштитат од одговорност. Зошто Филипче молчи за скандалозниот случај во струшката болница од август месец и за барањето од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Срамота е, се работи за здравје и живот на граѓаните. Никако не може евентуален криминал, политичка врска или било што да биде поважно од еден човек. Молкот на Филипче го прави тој да биде соучесник“, истакна Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања