Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Стоилковски: Јавниот долг се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонската економија годинава ќе биде најслаба во регинот, а јавниот долг се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП. Растот на економијата, според проекцијата на Светска Банка е многу под 3,2 проценти како што милуваше да каже Заев, и ќе достигне најмногу до 2,9% од БДП. Најмногу, затоа што ќе следат ревизии и на оваа проекција, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Светската банка удри нов врел шамар и ја потврди оценката НУЛА дадена од германската бизнис заедница за економските политики на Зоран Заев и неговиот криминоген клан.

Ниту економија, ниту раст ниту иднина може да се очекува ако Зоран Заев остане на чело на владата. Заедно со Анѓушев и Тевдовски, оваа тројка за економско цунами, јавниот долг длабоко загазува над психолошката граница од 50% од БДП.

— реклама —

Од Светска банка велат дека е важно задолженоста да се користи за она што ќе гои забрза растот, но никој, ама никој во овие две години не гледа било каков развој! Почитувани Светска банка оценува дека јавен долг од фантастични 53,4% од БДП е реалност и пред нас! Па каде завршуваат тие пари? Пензиите ги скратија, инвестициите ги скратија, платите ги нема, каде одат овие пари?

Продуктивноста на работниците заостанува вели Светска Банка, додека се намалувала невработеноста. Тоа е само уште еден показател за погубноста на политиките, работна сила или се иселуваат или се натрупува администрацијата- што и власта го потврди пред неколку дена.

Владата троши на непродуктивни работи. Лошата фискална политика ќе направи јавните инвестиции годинава да потфрлат за 65% споредено со 2017 и 10% помалку од рекордно ниската 2018 година. Јавниот долг за 2018 е зголемен за плус 415 милиони евра наспроти долгот во 2017, а Светската банка прогнозира уште поголем за оваа година.

Задолженоста вртоглаво расте, а ништо, буквално ништо нема од реализација на капиталните инвестиции. Ништо не се гради, лопата нема низ државата, а сите не задолжуваат!

И Зоран Заев и СДСМ и после сето ова ќе ве лажат како била поставена стабилна основа за раст, како имале успешни економски политики, се раснело и производство и извоз и финална потрошувачка.

Ќе даваат изјави со шлемови на глава, во жолти елеци на некое градилиште, по теркот на комунистичките филмски журнали!

Почитувани сите во регионот го намалија јавниот долг, сите имаат повисока проекција на раст, сите се грижат за економијата- само криминогениот клан игра Ол Ин во грижата за лично богатење преку тендери и договори за сопствените фирми! Корупцијата е единственото нешто што ги интересира!

Почитувани, ја девастираа државата, го понижија граѓанинот, ја распродаваат историјата, ја распродаваат иднината. Ова лудило, ова уништување мора да сопре сега и веднаш! Македонците почитувани, повторно се борат за своите правдини, и ќе се изборат, прво на претседателските и веднаш потоа на предвремени избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања