Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

naum

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?

— реклама —

Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот.

Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.

Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања