Стоилковски: Кои се услуги ги нуди семејната фирма на Тасевски на клиентите и зошто фирмата ја нема во неговиот анкетен лист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sasho-tasevski

Сашо Тасевски мора да одговори дали и колкаво влијание има неговата позиција во полицијата, директор на БЈБ, во развојот на семејната фирма и создавањето контакти и склопувањето на бизниси? Кои се клиентите коишто ја изберат фирмата со адреса на директорот на БЈБ да им инсталира опрема или да користат услуги поврзани со информатичката технологија и компјутерите во своето понатамошно делување? Колкумина клиенти имаат стекнато во овој период од октомври лани до сега, колкумина работат во компанијата, како оди бизнисот на семејната компанија на Тасевски? Кои се услуги ги нуди семејната фирма на Тасевски на своите клиенти, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Тоа се прашањата на коишто Сашо Тасевски, директорот на БЈБ и во слободно време семеен бизнисмен мора да ги одговори.

— реклама —

Почитувани,

— реклама —

Повеќе од шест месеци, домот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски е местото каде што се води бизнис, каде што е регистрирана семејна компанија на име на неговиот син, домот на Сашо Тасевски, директорот на БЈБ е местото од каде што според називот се тргува, се нудат услуги, нешто се произведува, според дејноста "останати услуги во врска со информатичката технологија и компјутерите".

Бегањето на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски од одговори и празните деманти од МВР, не го намалуваат фактот дека на домашната адреса на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски е регистрирана фирма. Тоа е семејна компанија, затоа што на истата адреса на којашто е регистрирана компанијата, живеат и директорот на БЈБ, Тасевски и директорот на регистрираната фирма, сопственикот и управител на фирмата Тасевски.

Почитувани,

Директор на БЈБ е висока позиција, Сашо Тасевски мора да одговори на овие прашања, но и зошто фирмата на домашна адреса ја нема во неговиот анкетниот лист. Прес центарот на МВР не смее да се претвори во прес центар на Тасевски и семејната фирма.

Почитувани, додека Сашо Тасевски го нема никаде, а на неговата домашна адреса се развива бизнис, Македонија се дави во криминал и во корупција. Само избори се спасот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

314899822_10160258751702180_6066348061188349064_n

Не се секирајте, војводите од 1903 се кај мене дома, ќе се вратат во гробовите штом оние од СДС го напуштат Крушево, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

saso-tasevski

Ако се прашувате на какви изроди мислел Делчев кога рекол дека Македонија најмногу страдала од своите синови изроди, ете ги примероците во СДС, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

20230706084902

„Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште...пардон у Комунална...“, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

saso-tasevski

Не гукнаа против Бугарија што не не признава како македонски народ, а бараат од нас да ги внесеме во уставот како Бугари, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања