Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: Левица целосно синхронизирана на СДС, продава евтин популизам, пример за поговорката „Не гледај што правам, слушај што зборувам"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Stoilkovski

Почитувани, партијата Левица е целосно синхронизирана со СДС и додека продава евтин популизам е типичен пример за поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам", вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Наспроти евтиниот популизам, Левица е тивкиот партнер на СДС кога станува збор за бизнисите!

— реклама —

Левица е вистински пример за поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам".

Преку статуси и пароли на социјалните медиуми продаваат евтин популизам злоупотребувајќи ги чувства на народот од неправдите и криминалиите на СДС, а всушност Левица работат целосно синхронизирано со СДС.

— реклама —

Во Град Скопје на пример, каде што коалицијата на СДС со Левица функционира беспрекорно, заедно со ДУИ ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите за заеднички да прават бизниси.

Во скопски Карпош пак, тивкиот сигурен партнер Левица ги поддржа бизнис интересите на СДС за бетонизација. Левица гласаше за десетици висококатници, за потребите на СДС!

— реклама —

Сигурниот партнер на СДС Левица донесе со гласање ДУП за згради, ама не и за градинки и училишта.

Бесрамно, но веќе јавноста се научи, дека Левица до вчера пишуваа статуси против урбанизација и бетонизација, а сега гласаат за принцовите на бетонот да градат станбени блокови. Било во Скопје, во Карпош или било каде во општините во Македонија, додека Левица се претставува како опозициска партија, таа е главен соработник и гласач на политиките на СДС.

— реклама —

И со тоа, работи против волјата на народот, против потребите на народот, а за потребите на СДС.

Почитувани, провидна е продажбата на евтин популизам додека вистинската улога е тивок партнер на СДС за дебели провизии и за дебели бизниси! Македонија не смее повеќе да биде жртва на евтин популизам, не смее повеќе да биде жртва на поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам"“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања