Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски: Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која што градела на диво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-pred-luna

Зоран Заев и неговиот клан секојдневно продолжуваат да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а Нефи  се пријавува да руши дивоградби, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните.

— реклама —

Заев најавуваше дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат објектите!

— реклама —

Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците испратија друг законски текст.

— реклама —

Тука градоначалникот прво вели немамо капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти. Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО.

Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која што градела на диво.

Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е било испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го зад мене цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер во владата на Зоран Заев му ја отвори, а сега истиот оној кој што ја изгради и што не се сруши кога му беше испратено решението сега конкурира на конкурс од Општина Охрид да рушел дивоградби. Каква дрскост каква неспособност каква навреда кон граѓаните од кланот на власт.

Владата вметнува одредби во законското решение со кои што новиот Совет треба да одлучува со Бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на едно прашање кое што е од областа на екологијата и кое што нели треба да реагираат само експерти.

 

Почитувани вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде.

Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат што побрзо, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања