Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Стоилковски: Наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 - тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Naum-IZJAVA-2412-2

Зоран Заев и СДСМ пред три години го поништија огласот за набавка на механизација и опрема за РЕК Битола, распишан од претседателот Христијан Мицкоски, како тогашен директор на ЕЛЕМ. Инвестиција која што ќе заштедеше пари и ќе ја направеше РЕК Битола независна од надворешни изведувачи. Зоран Заев го поништи огласот за набавка на опрема и механизација за РЕК Битола за да може да распишува милионски тендери за ископ и транспорт на руда, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК Битола за милиони евра.

Наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 - тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи. За сега откако го исцедија буџетот на претпријатието да распишуваат оглас, овој пат под сомнителни околности.

— реклама —

Критериум за избор која фирма ќе го добие тендерот за набавка на опрема нема да биде најниска цена, туку власта си остава простор да може да го избере кој сака. Односно фирмата која што им е блиска.

— реклама —

Пустошот во енергетскиот сектор е видлив и мора да запре.

— реклама —

По 12-ти април следува одговорна и развојна енергетска политика, со инвестиции и проекти за доброто на граѓаните, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања