„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Стоилковски: Навреди, по пол и возраст се дел од недоличните напади на Пендаровски и неговиот тим упатени до Сиљановска Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Сиљановска Давкова.

— реклама —

Ова е коментарот на Галетановски објавен кај него, објавен на неговиот Фејсбук профил.

— реклама —

Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност.

— реклама —

Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од било кој од  неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пиар стратегијата за време на оваа кампања.

Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови.

Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање. Напуштете ја матрицата заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем Ве потсетивме.

Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

8zQ4qQelrig

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања