Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Стоилковски: Нина Ангеловска бара донации за буџетот, а нејзината НВО зема пари од Фондот за иновации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Невладина организација на министерката за финансии Нина Ангеловска среде епидемијата добила пари од Фондот за иновации. Наместо грижа за справување со кризата и со буџетската дупка, а по лагите за полн и ликвиден буџет, таа се грижи како нејзините соработници од СДСМ да добијат пари од Фондот за иновации, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Веб платформата „Дигитални Услуги“ изработена од невладината организација на министерката за финансии, всушност е копија на интернет платформа „Дигитална Солидарност“ во Србија. Оваа платформа во Македонија е платена со пари од Фондот за иновации како дел од јавниот повик „Креатон“, а е изработена од организација чиј што претседател е Нина Ангеловска и во чии органи на управување има луѓе блиски до владејачката СДСМ.

— реклама —

Фондот за иновации продолжува да биде Фонд за СДСМ и за нејзините блиски. Министерката за финансии позната со нејзините изјави за ликвиден и буџет без проблеми на почетокот на кризата, сега веројатно е можно повеќе да се грижела како да ги одржи своите во невладината организација, отколку работниците во македонската економија.

Во моменти кога лидерот на Нина Ангеловска, Зоран Заев тврди дека административците се богателе со тоа што немале каде да ја трошат платата, и заедно со Ангеловска планирале кратење на платите, нејзините другари од СДСМ во НВО добиваат пари од Фондот за иновации.

— реклама —

Ова е срамно и понижувачки, додека Ангеловска бара ДОНАЦИИ од граѓаните да ги враќаат парите од нејзиниот неуспешен проект „Мој ДДВ“, нејзината НВО да заработува од буџетот преку Фондот за иновации.

— реклама —

Ангеловска и целиот тим на СДСМ покажуваат целосната несериозност во време на кризата и епидемијата, а овој скандал како и луксузните набавки од владата покажуваат нивна целосна одлепеност од реалноста. Најмалку што може министерката за финансии  Нина Ангеловска е јавно да се произнесе за овој скандал, јавно да каже колку пари земала нејзината НВО од Фондот за иновации и секако да ги вратат парите земени од НВО земени преку Фондот за иновации, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Видео: ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања