Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Нов бран на зараза од непотизам, семејството на Шекеринска вдомено во државна администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Се случува нов скандал, се случува нов бран на зараза од непотизам. Партиските вработувања кои се случуваат во предизборието откриваат фрапантни податоци за зараза од непотизам. Институциите се полнат со роднини, пријатели на функционери на СДСМ, додека квалитетните не добиваат шанса, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Полнењето со нови вработувања во МЕПСО, ЕЛЕМ, владините министри донесоа зараза од нов непотизам.

Единствен критериум за вработување во Македонија е да бидеш во семејна релација со кланот на власт! Непотизмот е симболот на работење на оваа власт во заминување.

Почитувани, и Радмила Шекеринска е иста како Мира Дизел, како Кирацовски, Костадин Костадинов и редица други функционери уловени во скандалозни непотистички афери со семејни вработувања во државната администрација!

Заразата од непотизам открива.

— реклама —

Прв братучед на Радмила е Никола Наумовски - шеф на кабинет на Петре Шилегов, скопскиот градоначалник. Неговата сопруга е Сања Арсовска - сега прв синдикалец во културата. Катица Арсовска, мајката на снаата на Радмила, е директор, раководител на Агенцијата за вработување во Штип! До кај се стигнало, се да се вработело и напикало на функција во администрацијата! Ако не може во Скопје - тогаш низ државата!

Џабе беа метлите, џабе лагите, ниту се испита, ниту презеде нешто за вработувањата во МНАВ или ЕЛЕМ и сите институциите каде платите се неколку пати поголеми од просечната.

— реклама —

Затоа квалитетните се иселуваат, а децата на функционерите од власта се вдомуваат во државни јасли.

Почитувани, Шекеринска која се фалеше дека ќе ја формираат најмалата влада во Република Македонија, остана до крај во најбројната влада на Македонија, Влада на СДСМ која ја исцица економијата, ги скрати пензиите за да си ги качи платите и да ја наполни администрацијата!

Почитувани, за 4 дена Зоран Заев си оди; на 12 април ќе замине сета оваа мрежа. Обновата ќе почне, а одговорност - мора да има, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања