Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски : Нов скандал во МНР -Со месеци се без здравствено осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MNR

Нема ден Македонија да мине без нов скандал предизвикан од власта која што тоне. И повторно во центарот на вниманието е МНР под Никола Димитров! Почитувани, трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана. Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, кои што се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување.

— реклама —

Ова е скандал од огромни размери кој што отвора повеќе скандалозни прашања.

— реклама —

Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?

— реклама —

Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување?

Втор  аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чија што веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име? Посебен аспект на проблемот е Каде се овие месеци претставниците на Синдикатот на МНР, Синдикатот на македонската дипломатска служба, водени од звучни „борци“ како Сашко Тодоровски  и други видни Амбасадорски имиња, каде се да го повторат преседанот, како што се посочуваше и повторно да организираат протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати?

Како е можно синдикалци да не изустат ни збор за тоа што дипломатите и службениците во МНР немаат здравствено осигурување од министерувањето на Никола Димитров, ниту за ниеден друг скандал кој што го тресе МНР?

Скандалите кои го следат МНР и работењето на Никола Димитров не само што не згаснуваат туку и се посилно удираат врз делот што треба да биде репрезент на македонската држава. Димитров знае „среде ноќ“ да среди Комисија за неговата ќерка да добие стипендија, ама не знае или не сака да го реши проблемот на вработените дипломати кои повеќе месеци не се здравствено осигурани.

Никола Димитров го претвори МНР во приватно гранапче на СДСМ! Ова е срамно, жално и ништо помалку од намерно девастирање на македонската државата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања