Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски: Обвинителството наместо да работи на докажување на делата од „Рекет“ работи на обезбедување алиби на Заев и извршителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-pred-obvinitelstvo

Истрагата за „Рекет“ е компромитирана. Цел месец мина од првото апсење и приведувањето на Боки Тредичи и Кичеец, а Обвинителството наместо да работи на докажување на делата на нарачателите и на помагачите, работи на обезбедување алиби и ослободување на Зоран Заев и неговите извршители. Јанева без која воопшто и не би бил можен милионскиот рекет, е оставена да се шета по плажи и фризерски салони, да губи и да форматира телефони, да се враќа на работа како ништо да не било, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Државната мафија ја напаѓа јавноста, а Русковска и Јовески не смеат да мрднат без нејзин знак! Цел месец, телефонот на Јанева е во Обвинителството, телефонот на Тредичи цел месец е во Обвинителството, цела ЕУ го виде и слушна рекетот, сите знаат како се местат случаи и се зема рекет за правна слобода, граѓани и бизнисмени пријавуваат кражби и измами од невладината на државната мафија. А, Русковска и Јовески ја занимаваат јавноста со бледи соопштенија!

— реклама —

Наместо ефикасна истрага, постапката се развлекува.

— реклама —

Ако за најголемиот скандал, криминал и корупција цел месец во очи на европскиот извештај се потроши на одмори, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека оваа власт воопшто не и е гајле за европската перспектива на Македонија. Државната мафија не само што рекетира краде и лаже. Туку е и дрска воопшто да не излезе од удобноста на својата безгрижност! Тоа е срамно, тоа е потценување!

— реклама —

Државната мафија без никаков легитимитет, ја загрозува иднината на државата, ја загрозува безбедноста во општеството, го заложи минатото, а иднината ја завива во сиромаштија!

Почитувани,

Доста е игри, Зоран Заев и неговата државна мафија го киднапираа секое парче од Македонија. Зоран Заев со владината мафија одржува врски со Боки Тредичи. Зоран Заев не поттикна истрага за прислушувањето на Јавното обвинителство зад мене. Зоран Заев не побара истрага за Рашковски за местењето на тендери со Леонардо. Зоран Заев распоредува судии, процеси и пресуди. Државната мафија мора итно да биде изведена пред правдата. Но правда со овие луѓе, со Заев, со Леонардо, со Шеки, со Кики, Фрики, Коки, триада Влада, Рускоска обвинителство и Кацарска судството, правда со нив нема.

Почитувани,

Повикуваме на итни оставки, неопходни се итни избори за да правото се зафати со прашањата каде завршуваат парите од рекетот, кој е организатор на рекетот, кој е главата на државната мафија? Со институцијата зад мене, со институциите на Бихакќа и на Илинденска, одговор на овие прашања нема. Со нив Македонија ги живее најтемните времиња кои ќе останат врежани во колективната меморија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања