Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Октоподот на власт, може да се изучува како пример за јавни функционери кои што ја злоупотребуваат моќ и позиција за сопствените бизниси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Октоподот на власт чие што седиште е зад мене може да се изучува како пример за јавни функционери кои што ја злоупотребуваат моќ и позиција за сопствените бизниси.  Оваа власт само во премиерската фотелја има бизнисмен со јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од производство на ајвар, па за транспорт, за ископ, полиња со марихуана, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека има политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, постои можност а и перцепција за злоупотреба на позицијата на моќ. Забележително е како на одредени компании дел до кланот на власт веднаш им тргна бизнисот.

Сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски Текови во државата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија.

— реклама —

Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од:

Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг.

— реклама —

Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања