„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Стоилковски: Пендаровски или втор Заев, ќе значи аминување на криминалот, губење на се што значи Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Продолжуваме со серијалот на цитати на полтронот на Зоран Заев, на поклоникот на заевизмот, Стево Пендаровски. Не ме интересира организиран пренос на гласови. Тој таканаречен трансфер на гласови кој го договараат партиските лидери не ме интересира! Ова го вели Пендаровски, пред сега да седне во Мала Речица и да моли за контингент гласови, истакна на денешната пресс конференција Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додаде:

Стево Пендаровски во 2016 година пак тврдеше дека нема како што вели „капарисано функција„ ,а веќе по втор пат е кандидат за претседател на државата. Тоа е истиот човек кој што цел живот има некаква политичка функција. За потсетување, во 2014 година одрекуваше дека ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, а за време на тогаш неговите редовните негови партиски трибини се фотографираше во Гази Баба со транспарент зад себе на кој што пишува Стево за претседател. И тоа го негираше. Истовремено ги негираше и страниците за поддршка на социјалните медиуми  велејќи дека не знае чиви се.

— реклама —

Заевизмот не му е непознат на Стево Пендаровски, човекот се што кажуваше во кампањата, потоа го погази со тоа што ги поддржа сите заевистички зафати- од тоа што го одобри консултативниот референдум, за кој што говореше дека такво нешто е невозможно, до промената на името и капитулантскиот договор, за што велеше дека е невозможен без широк консензус!

Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот. Втор Заев ќе значи крај за државата, втор Заев ќе значи аминување на криминалот, економската девастација, губење на се што значи Македонија.

Граѓаните знаат, граѓаните го препознаваат заевизмот кај Пендаровски, и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го зададат првиот сериозен удар за спас на државата.

Граѓаните сакаат право и правда, а не уште еден кажувам, заборавам, негирам!

Почитувани, крајот им се ближи, Гордана Силјановска Давкова е победник на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори. Да ги испратиме Заев, Пендаровски и заевизмот во историјата, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања