Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Стоилковски: Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување кои што ги има како градоначалник на Град Скопје. И денес без прекин продолжува градбата долж булеварот АСНОМ, во Скопје, без документација и дозвола за градење, без истакната табла на која што треба да има имињата на инвеститорот изведувачот и надзорот на градежните работи иако минаа десет дена по поднесената кривична пријава од страна на ВМРО- ДПМНЕ за тоа, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Шилегов за потсетување на 24-ти април, среде изборна кампања, во изборни цели, односно во насока на поткуп на неопределен број гласачи во Скопје, преку медиумите соопшти дека започнува градба на булеварот, како прва фаза од градење на мост преку реката Вардар. Шилегов со истиот факт, дека започнати се градежни работи, се пофали и преку социјалните медиуми поткрепено и со фотографии и со видео. Оваа прва фаза според пресметките чини 50 милиони денари. Односно, толкава е првичната вредност на злоупотребата согласно членовите 353 од Казнениот Законик, потоа бесправно градење член 244 од истиот Законик и секако поткуп при избори и гласање член 162 од Казнениот Законик.

Бидејќи нема никакво известување од Јавното Обвинителство, јавно прашуваме дали е постапено по барањето наведено во Кривичната пријава, барање Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов?

— реклама —

Укажавме и повторно укажуваме и предупредуваме дека доколку Обвинителството не го стори тоа на време, остава можност и му овозможува на Шилегов да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето. Со тоа обвинителството наместо бранител на правдата, бранител на граѓаните, станува соучесник во изградба на дивоградба.

Почитувани, законот јасно прецизира што се подразбира под привремени работи, па и за тоа исто така за што е потребна дозвола, и според тоа законот за изведувањето на подготвителни работи за изградба на сложена градба може да започне по добивањето на конечно начелно одобрение за градба. Според тоа, демантот од Шилегов дека станува збор за подготвителни работи, едноставно, не држи!

Почитувани, ова е уште еден показател дека Јавнообвинителскиот и правосудскиот систем воопшто се уште се во пупката на Зоран Заев овозможувајќи неказнивост за криминогени делувања на власта. Правото и правдата, еднаквоста пред законот, особено за претставниците на власта, почитувањето на човековите права, се основа за демократски систем. Ваквото однесување и оставање да се спроведува самоволие на Шилегов и на неговите сопартијци се срам за јавните обвинители, но уште пострашно со тоа дополнително се оддалечува Македонија од евроинтеграциите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања