Никола Димитров како министер за надворешни работи беше извор на лажна вест, кога лани заедно со двајца вицепремиери и со премиер објави фотографија во чест на лагата дека Македонија добила датум за почеток на евроинтеграцијата на Република Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани, по недобивањето на датум за преговори и годинава, Никола Димитров треба да си поднесе оставка, тој нема ниту едно позитивно дело и успех за државата и во секоја нормална демократска држава тоа би се очекувало од министер на таква позиција.
Недобивањето датум и лани и годинава во јуни е неуспех на македонската дипломатија на чело со Никола Димитров кој што повеќе се посвети на лични прашања отколку на дипломатијата кон навистина добивање датум. Но, тоа е човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија а ја потпиша и се гордее со Северна Македонија!
Наместо за напредокот и за датумот на Македонија, името на Никола Димитров ги потсетуваше холандските политичари и холандската јавност за корупциски скандал тежок 20 милиони евра, пари од државни субвенции за институт во Хаг, каде Димитров имаше висока позиција и како близок до првиот човек на институтот имал несразмерно голема плата. Наместо да се зборува за Македонија, во Холандија се зборуваше за Димитров, за неговата плата и можна вмешаност во корупциски скандал. Да потсетиме, францускиот печат ја посочи Холандија како земја која се противи на отпочнување преговори со Македонија!
Кога зборуваме за Холандија, корупцијата и непотизмот го поврзуваатНикола Димитров и со скандалот со стипендијата за неговата ќерка иначинот на кој таа се стекна со стипендија за студии и престој во Хаг, иакосемејството Димитрови има имот во близина на Универзитетот. Но, Димитровне одговори како е можно со ваква стипендија да се стекне неговата ќерка ане и редица други кои ги исполнуваат критериумите, до сега не одговорил занеговото можно влијание зошто преку ноќ, неговата ќерка се стекне состипендија два дена пред распишување избори, од комисија водена од лицеблиско до Димитров, а комисијата која одобрила стпендијата работела вонецелосен состав?
Никола Димитров го претвора МНР во приватна институција на политички истомисленици и со креирање на ситуации за лажни вести, непотизам, самоволие, корупциски скандали, политички реваншизам и со навреди кон македонскиот народ, нанесува срам за државата дома и надвор.
Во моменти кога власта најавува привид од реконструкција на владата, Никола Димитров треба повторно да ја активира веќе еднаш поднесената оставка, со потпис и со печат, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.