Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стоилковски: Постојано посочуваме на притисок од власта врз правосудниот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Посочувањата од ВМРО-ДПМНЕ за селективна правда за непостоење на право и правда во Република Македонија, како и за притисокот врз медиумите сега се дел и од извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите права. Колку и да се обидува заевистичката матрица работите да ги прикаже светли и во демократски дух, Стејт департментот наведува корупција, селективна правда, пристрасност, притисок врз судии, партизација, како и ограничена слобода на медиумите, а се наведува и владин притисок врз новинари за таканаречена „самоцензура“, истакна на пресс конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ постојано посочува за селективна правда, за партизација и политичко влијание врз судиите, за притисок од власта врз правосудниот систем. Правосудниот систем под Зоран Заев е партизиран, и работи под притисок на власта. Според извештај за минатата година на Стејт Департментот, во делот за правосудниот систем стои „ограничена судска независност, политизација на органот за судски надзор и несоодветно финансирање на судскиот систем, со што се попречува судското функционирање и неговата ефективност“. Вашингтон нотира и забелешки за долги процеси, пристрасност, селективна правда и притисок врз судиите!

— реклама —

Кога се зборува за правосудниот систем тука е и заклучокот за затворите и притворските одделенија, опишани како „сурови, нехумaни и деградирачки“.

Па почитувани, ако ова е извештајот за 2018 година, како ли ќе изгледа заклучокот на Стејт департментот за човековите права за во Македонија за оваа 2019 година?

— реклама —

За потсетување, нема никакво поместување, нема ништо од реформите воправосудството, политичкиот притисок врз судството е се позасилен, немаотворен ниеден случај за корупција против власта. Како ли ќе бидат наведенслучајот на пример со претепувањето и обидот за линч врз поранешни министриза кој што никој ама никој не понесе одговорност а случајот се случи вопритворот Скопје, како ли ќе ги оценат скандалите со корупција и непотизам коишто го минаа плафонот, безбедноста во Република Македонија е на најдолнониво со нерешен ниеден случај за низата убиства и насилства низ градовите.

Залудно заевизмот убедува за напредок. Смешни се обидите на заевизмот да се прикаже дека Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството, дека владата мотивирала независно и непристрасно судство. Во Македонија есенцијално недостасува почитување на правото и правдата, почитување на човековите права, а тоа со заевизмот е невозможно.

Правото и правната држава се основа за демократски систем, затоа на претседателските избори сигурен победник е Гордана Силјановска Давкова, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Честита Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања