Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски: Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-stoilkovski

Новинар кои што го обзнани целиот случај Рекет, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“ и потоа „бил убедуван роднината на бизнисменот да плати рекет кај Боки“... со очекување деталите да бидат откриени, односно да се поведе институционална постапка за случајот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прашање отвора повеќе дилеми, кој тоа изнесувал податоци од УБК, Кој тоа се бил дел од рекетот, кој и дали бизнисмен имал компромитирачки материјали со малолетнички, и низа други многу сериозни прашања. Прашања коишто отвораат и дилеми за злоупотреби на функции и на институции, и криминал и рекетирање, и најстрашно, злоупотреба на малолетници!

— реклама —

До толку повеќе што имајќи предвид дека, ако е точно, институциите имале сознанија за последното, за злоупотреба на малолетници, наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, а тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран!

— реклама —

Почитувани,

— реклама —

Цела недела мина откако од тука за ова прашање поткренав сомнеж и го повикав ЈО, но од таму молк!

Македонија е соочена со Републички Јавен Обвинител, кој што признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање?

Почитувани,

Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет. Власта е фатена во најголемиот криминал, рекетирање и уценување на бизнисмени, власта подготвува уште една тура на криминогени дејствија, а правосудниот систем немо го следи тоа и исполнува желби на државната мафија!

Ова е неподносливо, ова е далеку од демократија, ова е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи. Избори веднаш, а потоа - потоа ќе сноси одговорност секој еден што сторил или дозволил да биде извршен криминал, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања