Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стоилковски: Преименувањето на институциите е анти- македонски зафат од капитуланскиот договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Преименувањето на институциите е едно од срамните анти- македонски зафати коишто произлегуваат од капитуланскиот договор. Ние постојано велевме дека се обезличува Македонија, дека се обезличуваат македонците дека сега ќе немаат со што да се идентикфикуваат дека се губи оној институционален идентитет, односно ќе немаат од каде да го црпат идентитетот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ,одговарајќи на новинарското прашање,како ги коментираат новите поименување од македонски институции во национални?

Стоилковски, додаде:

— реклама —

Па, еве ќе поставам прашање до граѓаните нели е зачуван идентитетот со овој Договор како што се тврдеше нели во оваа заевистичка политика? Да речеме еве гледам држите микрофон од македонска радио телевизија сега ќе се преименува во национална. Па еве кажете ми зрачите сателитска програма, и таа ќе биде сателитска програма на национална радио телевизија. На чива нација? Кој ќе се идентификува? Чии ставови ќе ги изразува таа национа телевизија? Сега граѓаните и понатаму секојдневно ќе се чудат и ќе бидат фрапирани од тоа што ќе се соочуваат со последиците од  капитулацијата, којшто силно удираат врз идентитеските прашања на македонскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања