Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Стоилковски: Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поткуп по шемата - „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%. Тоа значи дека се исти и во криминалот, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Да се потсетиме како Зоран Заев бараше поткуп, за да изврши легализација на објект, нешто што му е обврска согласно закон. Но наместо како што е пропишано, Заев бараше по 2 евра од квадрат мито. Но не е само тој што земал во овој случај, туку и кажува дека мито плаќале сите, па ги реди Мирчо, Ването и други струмички бизнисмени кои очигледно му се познати на соговорникот.

Ова е срамно и недозволиво. Ова е еклатантен доказ за криминал. Зоран Заев на видеово се однесува како Колумбиски нарко бос, а не како политичар кој што треба да биде во служба на граѓаните. И покрај ваквиот ноторен доказ, Заев е ослободен од обвинение од страна на Кацарска судството и Русковска обвинителството.

— реклама —

Пендаровски е ист како Заев, тоа значи дека се исти и во криминалот. Гласот за Пендаровски е глас за Заев. Гласот за Пендаровски е давање легитимитет на поткупот како да е нешто сосема нормално.

Вие граѓаните заслужувате да ги добивате услугите кои ги нуди државата согласно закон без притоа да треба да поткупат некој функционер на власта. Времето на криминалот мора да заврши.

Република Македонија заслужува да тргне напред. Затоа се потребни црвсти и темелни принципи кои ќе се почитуваат и ќе ја гарантираат демократијата и владеењето на правото. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина, глас за иднина на Република Македонија, истана Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања