Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Стоилковски: Се чини изведбата на химната, од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-MNR

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.Наум Стоилковски, на денешната пресс конференција на која како што кажа обелодени уште еден скандал, овој пат во МНР, според кој трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана, одговараше и на новинарски прашања.

Еве што кажа Стоилковски, во врска со пропустот на Тамара кога пеејќи ја националната химна изостави стихови...

— реклама —

Прашање новинар: Во врска со вчерашниот настан на Денот на независноста на САД, беше испеана химната без имињата на Гоце Делчев,Питу Гули и Даме Груев Сандански, како го коментирате ова?

— реклама —

Наум Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ целосно го осудува нецелосното интонирање на македонската химна и изоставувањето на македонските херои кои што ги содржи оригиналниот текст на химната. Се чини дека изведбата на химната, односно нејзиното интонирање од страна на Тамара беше начин да е удоволи на погрешните политики на Зоран Заев креирани изминатиот период а на сметка на државните и националните интереси, а овој пат на македонско-американското пријателство кое што е од стратешко значење за долгорочниот развој на Република Македонија. Ова е неприфатливо и е пример што се може да произведе кога премиерот си поигрува со нашата историја, со чувствата, со националните и идентитетските обележја. Добро е што во моментот што Тамара од своја страна се извини, но она што е за вистинска осуда е атмосферата креирана од страна на власта и на премиерот а која во подолг период на срамен начин се доведуваат во прашање сите идентитетски обележја важни за Македонија и за народот. Со оваа влада за жал станавме општество кое што на дневна основа се доведуваат под прашање најсветите чувства на македонскиот народ.

— реклама —

Новинарско прашање: Дали го гледате ова како некое мерење на пулсот на јавноста за некоја нова можна верзија без овие имиња?

Наум Стоилковски: Како што слушнавме Тамара се извини, извинување пристигна и од власта меѓутоа многу извинувања пристигнуваат од страна на членови на владата и од „Илинденска“ бр.2, извинувања имаше и од Американската Амбасада. Реков станува збор можеби за грешка но, за осуда е нецелосното интонирање на химната и сето тоа токму во овој период на една креирана атмосфера каде што сите идентитетски прашања се доведуваат под знак прашање.

Новинарско прашање: Претседателот Мицкоски вчера на емисија во интервју кажа дека истакнат е рокот којшто ВМРО-ДПМНЕ му го дал на власта да се обработува за процесот на добивање на датум. Што ова конкретно значи и дали некои закони што се значајни за овој процес нема да ги поддржите?

Наум Стоилковски : Не станува збор за закони, станува збор за цела низа на законски и подзаконски акти, но и за имплементирање на закони за функционирање на државата. ВМРО-ДПМНЕ посочуваше постојано дека нема датум за преговори, немаше ниту лани кога лажеше премиерот и половина влада сликани нели креваа атмосфера дека Македонија добила датум за почеток на преговори. Датум немаше ниту во јуни кога исто така посочуваа дека еве го датумот еве само што не е добиен. Веднаш беше понудена рака за соработка за формирање на различни тимови и комисии кои заеднички би работеле за да се постигнат оние барани, потребни промени ви општеството, реформи за да може граѓаните да не бидат жртва на ова криминално владеење на Зоран Заев и неговото криминалниот клан, односно, Македонија конечно да добие датум и да отпочне преговори за онаму каде што и природно припаѓа во европското семејство.

Подолг временски период оваа подадена рака, нема одговор од страна на власта. Така што оваа подадена рака не е без краен рок, времето минува, власта ништо не прави во насока да ги исполни условите за добивање на датум. Таа улога ја презема ВМРО-ДПМНЕ која што и досега покажала дека кога станува збор за интересите на државата била конструктивна, се сеќавате и кога е добиена препораката е добиена препораката по основа на тоа што имаше работни групи и заедно работеа, се донесоа законски решенија кои што беа заедно изготвени заедно изгласани. Сега ВМРО-ДПМНЕ прави она што е во нејзини моќи во рамки на семејството на европските народни партии за да не се пропушти шансата и Македонија сепак да добие датум за отпочнување на преговорите, а граѓаните на Република Македонија да не бидат жртва на погрешните политики на Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања