Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Скопје со Шилегов и Филипче е град на загаден воздух и корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dsc02

Добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот.

Денеска е 13 ноември, ден кога Скопје го слави ослободувањето од Фашистичкиот окупатор!

Денешниот 13 ноември Скопје е повторно заробено во смог и магла полни со отрови и вируси. Скопје е рекордер во светот во отровни гасови и смртоносен вирус, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Четврта зима скопјани нема да имаат воздух, нема да имаат АјроАјро, како што гласеа лагите на власта.

Загаденоста руши рекорди, а Скопје е на врвот на листата градови со загаден воздух во светот, со ниво на канцерогени ПМ10 честички и до 7 пати над дозволеното.

За тоа придонесува и лично градоначалникот Петре Шилегов, со редуцирање на Јавниот превоз. ЈСП автобусите наместо да бидат главна алтернатива кон почист воздух со помалку автомобили, Шилегов и ЈСП го редуцираа возниот ред, за што повеќе возила на улиците, и поголема емисија на штетни гасови.

Во ретките автобуси е невиден метеж! ЈСП е потенцијално жариште на КОВИД вирусот. Наместо да го зголеми бројот на линиите, и да се намали гужвата, Шилегов го намалува. Само во главата на Шилегов преполните автобуси на ЈСП не се можен кластер на КОВИД.

— реклама —

Во Скопје има лажен мораториум за градба, камиони и камиони тешки градежни машини минуваат низ Скопје создавајќи метеж и дополнително загадување.

Скопје денес е град во кој што хронично болните се фрлаат во ризик. Во услови на загаденост и корона епидемија не се ослободуваат од работа, заради Комисијата на Венко Филипче.

— реклама —

Филипче не го интересираат полните автобуси, не го интересира загадениот воздух во Скопје, Филипче не го интересира густиот смог преполн со Корона вирус. За Филипче не е важно тоа што хронично болните се "дават" во смогот на Шилегов. За Филипче не е важно што хронично болните се туркаат во автобусите на Шилегов.

Филипче исто како и Шилегов нема план и не знае што е тоа одговорност. На двајцата им е важно шефот да им е среќен.

Скопје со Филипче и Шилегов денес на овој 13 Ноември е град каде што болниците немаат кревети за болните од ковид. Граѓани со денови чекаат за закажување за тестирање и за добивање на резултати на корона вирусот, додека функционери од власта со врски и преку ред се тестираат.

Денес најјповиканите во Скопје и во државата не работат ништо и со својата неспособност уште толку ја влошуваат целата ситуација.

— реклама —

Скопје се дави во загадениот воздух и во вирус, а тоа ќе биде проблем во наредните месеци, не само за хронично болните туку и за сите заради КОВИД пандемијата.

Одговорноста за тоа лежи кај Шилегов и кај Филипче.

Ќе повторам, добредојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од корона вирус и најзагаден воздух во светот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања