„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Стоилковски: Владата да одговори за блискоста на Рашковски и Заеви со Пиперевалиев и милионскиот тендер од Дрисла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stoilkovski

Цела недела нема одговор за роднинската тендерска спрега во Дрисла. Нема одговор ниту од институциите ниту од Владата, зошто и како среде епидемијата и последиците од короната,  Град Скопје и на Петре Шилегов влегуваат во синџирот на струмичкото бизнис-лоби, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Додека во Македонија бизниси пропаѓаат поради кризата, Дрисла во 4 очи наградува со тендер од над 12 милиони денари фирма блиска до Заеви. Над 12 милиони денари дадени во 4 очи за изнајмување на градежни машини за три месеци, од фирма блиска до Заеви и роднински поврзана со генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Власта чиј што генерален секретар е Драги Рашковски мора да одговори, како и зошто Шилегов и Коста Начевски – директорот на Дрисла, ја одбрале фирмата Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев познат како близок до семејството Заеви и е близок со Драги Рашковски, додека пак директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.

— реклама —

Бледите соопштенија и недостатокот на сериозен одговор на ваков скандал додека земјата тоне во долгови, уште еднаш потврдува дека се обидуваат да ја сокријат поврзаноста меѓу себе и сакаат овој тендер во оваа вонредна состојба да помине незабележан од јавноста.

За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Срамота и жалосно е што додека граѓаните и економијата мака мачат со здравствените и економски предизвиците, СДСМ ја користи секоја можна прилика да намести по некој нов тендер.

СДСМ само за три месеци смислено ограби 120 милиони евра од Буџетот и го задолжи секое семејство за нови 15 илјади денари, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија.

Почитувани, ваквите договори и трендери во 4 очи мора да бидат разгледани од надлежните институции. Доколку тоа не го направат сега, многу набрзо ќе има ревизија на сите вакви тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте ги има многу, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања