Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Стоилковски: Владата да одговори зошто Спасовски го однесе Заев на средба со Вартоломеј?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
13012020_PVRSM_Spasovski_sredba_so_vselenskiot_patrijarh_Vartolomej-1

„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул?

— реклама —

Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев.

Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев?

— реклама —

Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација?

Притоа Владата мора да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул?

Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон.

— реклама —

За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш!

Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ, истакна Стоилковски.

— реклама —

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања