Стоилковски: Владата платила 20 илјади евра во четири очи за крадење фотографии од интернет за домашен туризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum

Лагите кои што ги шират СДСМ и Зоран Заев, немаат крај, исто како што нема крај исцицувањето на буџетот за таа намена, пари за кои што секојдневно не задолжуваат!

— реклама —

Срамот кој што во светот го доживува Република Македонија заради украдените фотографии од езерото во Германија прикажано како македонско, или фотографиите од Франција, во кампања за домашен туризам, имаат цена!

— реклама —

А, таа цена, почитувани, е договорена и спроведена во четири очи, без конкурс, без јавен оглас!

— реклама —

Ова е јавната набавка во четири очи, тука се и дополнителните документи, во кои што стои дека Владата итно дава 20 илјади евра, заради итност оди со постапка со договарање, а не со конкурс, односно оглас. Тука е и документот од Бирото за јавни набавки за исполнети услови за постапување, за преговарање без објавување на оглас, заради корона кризата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Внимавајте, се работи за апликација за туризам, за доделување на ваучери пред избори за туризам и заради тоа имало потреба од итност покриено со корона кризата. И секако, овој договор во четири очи, овој тендер без оглас, за интернет платформа поврзана со ваучерите од шест илјади денари, како наводна помош за време на епидемијата, а во насока на предизборен поткуп, овој тендер за кампања за домашен туризам со крадени фотографии од Германија и од Франција, заради што се огласија и авторите на фотографиите, го добива фирмата „ЏиСикс“, која добивала и работа во Струмица и секако пари, лани добива грант од Фондот за иновации!

Значи, според СДСМ и Заев исполнети се можеби главните услови за договор во четири очи за да се добие тендер, тоа се двете главни препораки, да имаш конекција со Струмица контролирана од Зоран Заев, и да имаш однапред пари земено од Фондот за иновации! И можеби секако да немаш мака, да украдеш фотографии, да лажеш и да ги прикажеш како свои.

Исто како што лажеа за свои успеси па крадеа фотографии од објекти, така сега крадат фотографии од светот, прикажувајќи ги како свои!

Ова е срам, СДСМ контролиран од Зоран Заев се срами од своја татковина.

За СДСМ и Зоран Заев, Македонија не е доволно убава и не е доволно привлечна, па за кампања за домашен туризам користат фотографии од Германија и од Франција!

Срамот е голем, но односот кон татковината и лагата искажана кон граѓаните е поголем!

Нема збор, нема фотографија излезена од Зоран Заев и СДСМ, а да не е лага!

Во најтешките моменти на Македонија, со незапаметена здравствена, економска, безбедносна, образовна, политичка состојба - владата на СДСМ и Зоран Заев - ЛАЖАТ!

И згора на тоа, даваат буџетски пари, оние за кои што сите нас не задолжуваат - за ширење на своите лаги!

Ќе ја победиме короната, а ќе го поразиме и вториот вирус, Зоран Заев и СДСМ! Или обнова или криза! Македонија ќе победи, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања