Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговори на новинарското пршање: Во врска со Законот за јавно обвинителство власта ве обвинува дека со амандманите практично барате амнестија за сто функционери. Кој е вашиот став?
Стоилковски : Тоа е апсолутна невистина ВМРО-ДПМНЕ дека се бори за било каква амнестија додека траат овие преговори за Законот за јавно обвинителство. Единствено што се залагаме тоа е заложба за воспоставување на механизми со коишто ќе се добие и спроведе правда во системот во Република Македонија. Јасни ми се овие дезинформации од кај што се поттикнати, тоа ги поттикнува токму власта предводена од Зоран Заев којшто знаете е единствениот аболициран премиер во светот за случај тежок околу 8.5 милиони евра. Понатаму човекот е тој што креираше и спроведе токму една таква селективна амнестија за да му мине капитулацијата којашто нели ја спроведе со промена на името и идентитетот, а зашто не доби поддршка од мнозинството граѓани во Република Македонија, и оттука токму власта е таа којашто е единствен заштитник, промотор и спроведувач на криминалот во оваа држава и селективна правда и амнестија и како и да е понатаму сака да претстави дека се работи за време на овие преговори коишто течат за Законот за јавно обвинителство.