„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Стоилковски: Заев и Пендаровски се двете лица на иста паричка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев и Стево Пендаровски се двете лица на иста паричка и тоа и самите го кажуваат. Ете почитувани, слушнавте како Стево Пендаровски вели дека Зоран Заев може да зборува за неговите програмски определби и дека 102.5% се исти политички и дека имаат исти програмски цели односно програмските цели и политиките се оние на Зоран Заев, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Тоа што Стево Пендаровски го вели всушност значи дека Стево Пендаровски е за јадење живи луѓе и оставање на луѓе на улица, додека поддржува криминал во кој царуваат компаниите на кланот. Дека Стево Пендаровски поддржува непотизам и преполнување на администрацијата. Ова значи дека Стево Пендаровски одобрува трговија со влијание односно селективна правда и трговија со правото и правдата за партиски цели. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува правосудство во пранги и јавно обвинителски систем во кој Заев и неговиот клан се недопирливи. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува обесчестување на гласот на граѓаните било на локален референдум, државен референдум или пак гласање. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува систем за безбедност ставен само во партиска заштита додека убиства и пукотници се секојдневна слика на улиците. Ова значи дека Стево Пендаровски поддржува целосна девастација и здравство бутнато во стечај.

— реклама —

Ова значи дека Стево Пендаровски смета дека Македонците во Грција зборуваат „некој друг јазик“ различен од македонскиот, и тој се плаши и срами да одговори дали тие зборуваат македонски. Ова значи дека Стево Пендаровски е дел од лагата како познатата „Додека дишам, додека ме држи памет“.

— реклама —

Стево Пендаровски признава дека е продолжение на заевизмот – кажувам, заборавам, негирам!

Епа, почитувани, на Македонија и еден Заев и е преголема тежина. Зоран Заев, премиер се срами и ја крие химната на Република Македонија, ја крие Гардата на Република Македонија. Исто како Зоран Заев и Стево Пендаровски лаже дека идентитетот е забетониран, ама и тој се  срами пред гости, државници од македонската химна. Тоа е исто како лагата, ние сме Македонци, ама по дома. И химната може да си ја пееме, тивко, по дома – или затворени во сала.

Македонскиот Уставен систем разликува и предвидува Претседател на државата и Претседател на владата. Премиерот го избира Парламентот, Претседателот го избираат граѓаните! Неговиот легитимитет извира директно од граѓаните. Претседателот има поинакви ингеренции, особено во меѓународните договори, во одбраната, но и како коректор на законските решенија на Владата.

Тој е чувар на законитоста, чувар на државата. Е па почитувани, ако Заев и Стево Пендаровски се 102,5% исти, ако политиките се исти, тоа е отворено признавање дека Заев на овие избори трга по апсолутна власт. Претседател нема да е Пендаровски, туку Заев, за ништо долготрајно да не му застане на патот на криминалот, на заевизмот, на непотизмот, додека државата тоне со промашена економија, промашена политика, газење на човековите права, газење на демократијата и злоупотреба на системот за репресија врз граѓаните.

Стево Пендаровски и Зоран Заев знаат дека им следи казна на заевизмот. На Македонија и на Македонците им е потребна право и правдина. И како и во химната, тие за тоа ќе се изборат. На овие избори ќе се изборат за правда за Македонија, за правото на достоинство, правото на државни симболи, обврската да биде интонирана државната химна секогаш и секаде“, изјави Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања