Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Стоилковски: Заев спротивно на законите во тек на избори распиша огласи за стотици вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Naum-stoilkovski

Државната комисија за спречување на корупцијата не го гледа тоа што целата јавност јасно го гледа. Антикорупциската комисија не гледа дека Зоран Заев спротивно на законите, во тек на избори распиша огласи за стотици вработувања кои ќе ги плаќаат граѓаните. ДКСК не гледа дека заради антидржавните и криминогените политики и заради неспособниот кандидат Стево Пендаровски, Зоран Заев се обидува со државни ресурси да придобие поддршка, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Државната комисија замижува пред фактот што десетици функционери на СДСМ одбиваат да достават одговор во врска со сомнежите за непотизам и за згрижување на своите блиски на добро платени места, во државните институции на трошок на граѓаните.

ДКСК до ВМРО-ДПМНЕ достави заклучок по барањето согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со вработувањето на мајки, сопружници, синови и ќерки на актуелни функционери.

— реклама —

Образложението на ДКСК е скандалозно само по себе.

Владата и СДСМ тонат во криминогеност. Транспарентноста од нивните усти е само празна флоскула, празни зборови, уште едно министерско место и можност за вработување партиски кадри. За СДСМ не постои закон, не постои институција, не постои држава, постојат само криминогеност, корупција, непотизам и лага.

Над 50 избрани и именувани функционери не пријавуваат промена кај своите роднини, кој каде бил вработен, именуван, унапреден. Тоа инаку е законска обврска, во рок од 10 дена од промената на работниот статус на роднините ДКСК да биде известена од функционерите.

ДКСК за случување на корупцијата во одговор до ВМРО-ДПМНЕ потврди дека над 50 избрани и именувани функционери спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси не ја информираат Комисијата за именување или вработување, унапредување на член на неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал, Меѓу овие над 50-те функционери, звучни презимиња и имиња од власта кои не поднеле пријава за промени до ДКСК, кои не го почитуваат законот, не се грижат за корупцијата, непотизмот, неказнивоста се и:

1.Костадин Костадинов, пратеник, чија што тетка е вработена во ЈЗУ Општа болница Струмица.

2.Фросина Ременски, пратеник, за назначување како член на надзорен одбор во ТЕЦ Неготино на првиот братучед.

3.Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово за вработување на сестрата во учолиште во Куманово.

4.Душан Вукадиновиќ, директор на рудници РЕК од Битола за вработување на сопругата во термоелектрана РЕК.

5.Оливер Илиевски, Директор на Водостопанство, за вработување на сопругата во МВР - од 08.10.2018 година значи половина година.

И низа други да не ги терам сега сите 50 примери, ги има од сите општини, во секое место, секаде каде што може да биде вдомен, да биде вработен некој близок, некој роднина.

Внимавајте избрани и именувани функционери на власта на Заев не ја исполнуваат законската обврска, не ја регистрираат институцијата, што е многу индикативно! Ова непријавување е индикативно. Прво непријавувањерто е спротивно на транспарентноста во која што е мода да се колнат. Второ, непријавувањето значи и криење. Па што ли се крие, што ли би се открило ако овие и другите функционери ги пријават вработувањата на своите блиски во ДКСК? Дали ќе се открие вработување под притисок, дали ќе се открие не само непотизмот, туку и злоупотреба на положбата, трговијата со влијание, закани, местени вработувања и местени конкурси?

Почитувани, долго време немаше антикорупциска комисија, ја открива ли ова однесување причината за тоа? Власта почитувани, покажува непочитување на комисијата и на законите!

ДКСК мора да поведе постапка и мора да почне да се спроведува законот, со прекршочни казни за овие лица. Поминати се не 10 дена туку и половина година од некои случаи. ДКСК мора да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и власта и мора да почне да го контролира незаконското работење. Се спротивно од ДКСК е поддршка и поттик кон нетранспарентноста на оваа власт, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања