Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Стоилковски: Заев удри врз народот, растури карневал заради исмевање на неговите политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vevani

Нервозата на власта на Заев е очигледна. Вчера со полиција, насилно и брутално се растеруваа учесници на Вевчанскиот карневал, традиција долга илјадници години.  Очигледно дека однародената власт на Заев не можеше да поднесе како преку хумор и маски се критикува нивната политика и анационалното владеење, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Стоилковски додаде:

— реклама —

Вчера Заев вчера удри по својот народ. Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири.

Окупаторските власти биле Македонија, па ова не го правеле.

Дека и гори на власта под нозе, и гори, ама ваква бруталност не може да ги покрие сите срамни политики и криминали на Заев и камарилата покрај него. Народот гледа како се подготвува насилен попис надвор од сите европски стандарди, народот гледа какви концесии се подготвуваат да исплати Заев кон Бугарија, народот гледа како се тргува со историјата и идентитетот и срамното прекинување на Вевчанскиот карневал нема да го покрие тоа. Напротив ова уште една капка во преполнетата чаша.

Заев за бруталноста во Вевчани ќе сноси одговорност затоа што го прави тоа кое што ниту една турска, бугарска, српска или комунистичка власт не го направила во Вевчани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања