Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

naum-1

Зоран Заев нема одговор за селењето на бизнисите на кланот Заеви во Бугарија! Заеви веќе имаат отворено најмалку пет компании во Петрич, Благоевград, на иста адреса, а две од нив се основани откако во јавноста почна да зборува за масовното рекетирање. Зоран Заев и неговите братучеди го вадат капиталот од Македонија и купуваат имоти во соседните Бугарија и Грција, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и неговиот клан соочени со изборниот пораз, но и со најавата дека секој што се занимавал со политика ќе мора да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство, го вадат капиталот на кланот Заеви надвор од Македонија!

— реклама —

Зоран Заев мора да одговори дали со братучедите, а соочени со изборниот пораз се подготвуваат за бегство од Македонија! Отвораат фирми во Бугарија, но и купуваат куќи и имоти во Грција! Бобан Заев, братучедот на Зоран и Вице Заеви, купил нова голема куќа на грчкиот брег!

Ова е еден фрагмент од договорот за куќа на грчкиот брег, ова е потписот на Бобан Заев кој што стои на третата страна од целиот договор!

— реклама —

Зоран Заев мора да каже дали позади купувањето имоти на грчките плажи и префрлањето на бизнисите во Бугарија, зад потписите на неговите братучеди, стои лично тој, Зоран Заев?

Дали планира бегство од Македонија? Дали планира сокривање на својот капитал и дали планира сокривање на потеклото на тој имот, согласно најавите од ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа?

Заеви во Бугарија веќе имаат најмалку 5 компании „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“, а по отворањето на скандалот „Рекет“ во јавноста, Заеви ги отвораат „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“. Двете последни со потписи на братучедите на Заеви, на иста адреса како и претходните, во Петрич, соседна Бугарија. Двете последни фирми, се јавуваат како сопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во другите фирми се јавуваат како малцински акционери.

— реклама —

Зоран Заев до сега не одговори ниту еднаш на прозивките дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство?

ВМРО-ДПМНЕ во програмата „За обнова на Македонија“ се обврзува на еден од основни носечки проекти во делот на борбата против криминалот и корупцијата, а тоа е усвојување на Закон со кој што ќе се испита потеклото на капитал на сите луѓе кои што се занимавале со јавниот живот во изминатите 30 години.

— реклама —

Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминалот и корупцијата, а СДСМ со Заев покажа дека можат само повеќе криминал, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе срам! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 2 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 6 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 6 години

image-11-07-20-11-59

Пецаков: Нов концепт за справување со КОВИД-19, дополнителни 50% од својот личен доход за здравствените работници и 20.000 денари за вработените во МВР

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања