„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Стоилковски:Спасовски и Шекеринска да се откажат од платите над 80.000 денари и да ги донираат за борба против корона вирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
naum

Наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, даваме конкретен предлог, да нема плати за министрите. Нудиме конретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

  • Оливер Спасовски да се откаже од нето платата од над 88,000 денари.
  • Радмила Шекеринска да се откаже од нето платата од над 80,000 денари.
  • Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73,000 денари.
  • Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари,
  • Никола Димитров од платата од над 72,000 денари,
  • Дамјан Манчевски од над 70,000 денари плата и така натаму.

Предлагаме сите 26- министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про - боно! Ако СДСМ навистина сакаат да помогнат тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на корона вирусот.

— реклама —

Дополнително, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функцијата како службени возила, телефони и репрезентации кои ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Почитувани, доколку министрите, замениците - министри, директорите, и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, про - боно со тоа ќе се заштедат над 2.5 милиони евра месечно. Тоа се над пет милиони евра за два месеци, колку што предлагаат да трае драконската мерка за македонската економија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања