Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Стоиловски: Филипче фатен во лага, владината „Малмед“ тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
naum-stoilkovski

Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал.  Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство.  Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт.

— реклама —

Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.

— реклама —

Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

— реклама —

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година.

Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин.

Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта.

Филипче треба кривично да одговара за овој скандал.

            Прашање: Дали ќе реагирате до надлежните институции, до Јавното Обвинителство?

            Одговор: Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас. Да реагира по се што е укажано од ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го има посочено Јавното Обвинителство како место каде што се закочува правото и правдата и се отвора сомнеж за правната држава во оваа земја. Злоупотреба на службена должност не е само се сработи нешто туку и непостапување е кршење на службената должност во Јавното Обвинителство. Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања