Стојан Стојановски од Охрид со исклучителни резултати како на тениски, така и на училишен план во Америка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Спорт
Stojan-Alcorn-7

Стојан Стојановски од Охрид кој само што ја заврши својата втора година студии во Америка, постигна исклучителни резултати како на тениски, така и на училишен план.

— реклама —

— реклама —

Имено, Стојан кој имаше одлична прва сезона, и кој отиде во Америка после освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија, продолжи со одличната игра и се натпреваруваше против најдобрите играчи во Американската Универзитетска НЦАА лига. Беше избран во најдобриот тим во Југозападниот дел на Америка и истовремено беше избран за МВП (најдобар играч), односно најдобар студент спортист на Универзитетот Алкорн. На овој универзитет во Мисисипи од минатата година се придружи и Ѓорѓи Поповски, уште еден македонски тенисер, па тие како Македонска двојка имаа исклучителни резултати и беа еден од најдобрите парови во Конференцијата.

— реклама —

Стојан студира компјутерски науки и својата извонредност ја пренесува и на академски план, завршувајќи ја втората година со највисоки оценки, при што добива бројни признанија од деканот на универзитетот за одличните резултати и за својата посветеност кон студиите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања